Погба понуден на ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Дејли Мејл“ францускиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба бил понуден на тимот на ПСЖ.

Весникот пренесува дека Мурињо е подготвен да го пушти Погба да си замине од Манчестер Јунајтед ова лето.

Агентот на најскапиот фудбалер во историјата на „ѓаволите“, Мино Раиола веќе остварил контакт со ПСЖ и им го понудил својот клиент, но не е јасно дали Французите ќе го договорат неговиот трансфер затоа што се соочуваат со потенцијални проблеми поради кршење на правилата на финансискиот фер плеј.