Официјално: Венгер по крајот на сезонава заминува од Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсен Венгер ќе си замине од Арсенал по крајот на оваа сезона по 22 години поминати во клубот.

Тоа го потврди и самиот Венгер кој до јавноста се обрати преку официјално соопштение:

„По внимателно разгледување и дополнителни дискусии со луѓето во клубот, сметам дека е вистинско време да се повлечам на крајот на сезоната.

Благодарен сум што ја имав честа да му служам на клубот толку многу незаборавни години. Го водев клубот со целата моја посветеност и интегритет.

Сакам да му се заблагодарам на стручниот тим, играчите, директорите и на фановите кои го прават овој клуб толку специјален. Ги повиквуам фановите да застанат зад тимот во борбата за висока позиција на табелата.

До сите љубители на Арсенал, грижете се за клубот, мојата љубов и поддршка ќе ја имате засекогаш“ –гласеше во соопштението на Венгер.