Возбудлив натпревар на „Енфилд“ со седум голови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул и Рома вечерва го одиграа можеби најубавиот натпревар во историјата на полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите кој домаќинот го доби со убедливи 5:2.

Не дека Рома немаше свои шанси, посебно во првите 15тина минути од средбата, но на крајот може да се каже дека Ливерпул заслужено победи вечерва.

Прва се закани Рома преку Стротман, а веднаш возврати Салах на другата страна. Подоцна Фирмино се најде во прекрасна шанса, но судијата досуди офсајд. Во 8. минута Чемберлејн се обиде од голема далечина, но Алисон одлично одбрани. Само неколку минути подоцна Рома ја имаше најголемата шанса, откако Коларов ја затресе гредата на Кариус.

И тоа беше се од Рома, барем до финалните 10 минути од средбата. Салах на асистенција на Фирмино со феноменален гол го отвори резултатот во 36. минута. Истиот двоец донесе предност на 2:0 во судиското продолжение од првото полувреме.

Мане во 56. минута зголеми на 3:0, а само четири минути подоцна Фирмино го постигна и четвртиот погодок за Ливерпул. Во 69. минута Фирмино со вториот свој погодок уште еднаш ја шокираше Рома за водство од неверојатни 5:0.

Сепак, фудбалерите на Рома смогнаа сили и преку Џеко и Пероти намалија на 5:2 и колку и да звучи тоа неверојатно имаат поповолен резултат пред реваншот на „Олимпико“ отколку против Барселона кога загубија со 4:1.

Дали Ливерпул ќе се пласира во финалето по подолг период, или Рома ќе успее да го повтори успехот против Барселона ќе дознаеме наредната недела.