Салцбург во солзи, Марсеј втор финалист во Лига Европа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Марсеј се пласираа во финалето на Лигата на Европа откако вечерва со 2:1 беа поразени на гостувањето во Салцбург.

Марсеј во Австрија стигна со два гола предност, па овој пораз беше доволен за да изборат пласман во финалето кое ќе се одигра во Лион.

Натпреварот беше решен по продолженија, откако во регуларните 90. минути домашниот тим на Ред Бул победи со 2:0 со што ја анулираше предноста на Марсеј од првиот натпревар.

Противник на францускиот тим ќе биде Атлетико Мадрид кој го совлада Арсенал со 1:0 и така ја заврши ерата на Венгер во Европа како тренер на Арсенал.