„Работата е јасна, мораме и сезонава да продаваме фудбалери“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома сезонава направи големи успеси со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони во кое на крајот беа поразени од Ливерпул.

Меѓутоа, римскиот тим и покрај тоа што ги надмина сите очекувања со пласманот меѓу четирите најдобри во Европа, тие ќе мораат да продаваат фудбалери на крајот на сезоната.

„Финансиската година завршува на крајот на јуни и ќе мора да ги регулираме некои бројки. Продажбата на играчи се прави поради финансискиот фер-плеј и морам да кажам дека и годинава ќе мора да продаваме фудбалери“, кажа Балдисиони.