Поранешен фудбалер на Реал се сели во Атлетико Мадрид!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека Атлетико Мадрид се договорил за ангажирање на фудбалерот на Монако, Фабињо.

Иако го поврзуваа со Манчестер јунајтед и ПСЖ, сепак тој нема да се пресели таму, туку ќе се врати во Шпанија.

Медиумите пишуваат дека Монако ја прифатиле понудата на Атлетико Мадрид и Бразилецот, кој одамна играше во Реал, ќе се врати во Мадрид и ќе игра во големиот ривал на „кралевите“.

Не е позната висината на трансферот, ниту колку ќе заработува играчот во Мадрид, но сигурно ќе биде големо засилување за екипата на Симеоне.