„Заминувам на крајот на сезоната, тука сум уште две недели“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус вчера на домашен терен ја победија Болоња со 3-1 во рамки на 36. коло во Серија А и така дојдоана чекор до освојување на новата титула во Италија.

По првото полувреме, Болоња имаше предност со голот на Верди, но потоа „старата дама“ направи пресврт. Својот 300. настап го имаше Лихштајнер, кој влезе од клупата.

Овој 34-годишен фудбалер беше во центар на внимание по завршување на мечот, зашто кажа дека ова е неговата последна сезона во дресот на Јувентус.

„Потребни ми се нови предизвици во кариерата и ова се моите последните две недели во Јувентус. Во клубот напредував и сфатив колку значи секоја победа“, вели Лихштајнер.