Официјално: ПСЖ има нов тренер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и што се најавуваше во претходните неколку месеци, Томас Тухел и официјално ќе биде новиот предводник на екипата на ПСЖ.

Ова го објави францускиот клуб на својот Твитер профил. Поранешниот тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд со ПСЖ потпиша двегодишен договор.

Германецот беше в игра и за тренерската позиција во Арсенал, но на крајот се одлучи да седне на столчето од кое по крајот на оваа сезона си замина Унаи Емери.