Поранешниот тренер на Реал Мадрид и Манчестер Сити нов предводник на Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини е нов тренер на лондонскиот клуб, Вест Хем.

Прославениот стратег на клупата на „чеканите“ доаѓа како замена за Дејвид Мојс кој не доби продолжување на соработката од раководството на клубот.

Пелегрини со Вест Хем потпиша тригодишен договор и ќе има задача да го врати тимот во горниот дел на табелата во Премиер лигата.

Вест Хем вложуваше многу во изминатиот период, а оваа година наместо да се борат за излез во Европа, до крај се бореа за опстанок во најелитното натпреварување во Англија.