Вечерва се игра најскапиот натпревар во историјата на фудбалот, но не во Киев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва на програмата е најскапиот натпревар во фудбалот, а тоа не е финалето од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

Имено, денес се игра финалето од плејофот на Чемпионшип помеѓу Астон Вила и Фулам. На „Вембли“ овие два тима ќе се борат за пласман во Премиер Лигата, а победникот сигурно ќе заработи 160 милиони фунти, а наградата може да скокне и до неверојатни 320 милиони фунти.

Наградниот фонд најмногу се базира на ТВ правата, а истиот ќе му биде исплатен на победникот во следните три сезони.