„Анчелоти во Наполи? Тоа е како да го ангажирале Меси или Роналдо“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти е нов тренер на Наполи, а Деметрио Албертини смета дека тоа за тимот е голема работа.

Анчелоти во клубот стигна како замена за Маурицио Сари, кој најверојатно ќе го преземе Челси, а доаѓањето на Дон Карло во Неапол предизвика голема еуфорија.

„Наполи немаше некој континуитет и баланс, а со Анчелоти тоа ќе го надополни, па така мислам дека тимот сега може да се бори за титулата во Италија. Неговото доаѓање во екипата е исто како да го ангажирале Меси или Роналдо“, вели Албертини.