Се е испланирано: Бејл и Роналдо заминуваат, доаѓа Нејмар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо и Герет Бејл најавија заминување од таборот на Реал Мадрид ова лето, но навивачите на „Кралскиот клуб“ не треба да бидат очајни затоа што во нивниот табор би требало да пристигне Нејмар.

Шпанскиот фудбалски експерт, Гилием Балагуе во интервју за Скај Спортс истакна дека продажбата на Ронадло и Бејл би можела да го доведе Нејмар на „Сантијаго Бернабе“.

„Сонот на Флорентино Перез е да го донесе Нејмар. Мислам дека нема да биде тажен доколку собере доволно пари од продажбата на Роналдо и Бејл.

Но, сите ние ги слушнавме зборовите на Роналдо на теренот, а потоа во микс зоната изјави дека бил погрешно разбран.

Ако постои можност Нејмар да си замине од ПСЖ, тоа е реална опција. Од ПСЖ велат дека тоа е невозможна мисија, но доколку Перез понуди доволно пари, можеби вратата ќе се подотвори“- коментираше Балагуе.