Поранешен играч на Манчестер Јунајтед седнува на клупата на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако англискиот премиерлигаш Челси го намали интересот кон Маурицио Сари за нов тренер, како најверојатен наследник се појавува Французинот  Лоран Блан.

Поранешниот тренер на ПСЖ во последниве денови се јавува како главен наследник на Конте, кој по се изгледа си заминува од  тренерската позиција ова лето.

Главниот збор во изборот на тренер како што пишуваат англиските медиуми ќе го има Аврам Грант.  Лоран Блан во последните две години е без тренерски ангажман, откако го напушти кормилото на ПСЖ.