Трампана играчи помеѓу Баерн Минхен и Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона ќе го вклучи Лукас Диње во нивниот обид да го вратат на „Камп Ноу“ Тиаго Алкантара.

Новиот тренер на „Баварците“ Нико Ковач посочил дека Алкантара ќе може да си замине доколку за него пристигне соодветна понуда.

Неколку фудбалери на Барселона побарале од претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу да го врати Алкантара во тимот, но Баерн за него бара 70 милиони евра, сума која Каталонците одбиваат да ја платат.

Сепак, од Барселона ќе испратат понуда во кеш плус во неа ќе го вклучат и францускиот дефанзивец Лукас Диње кој е проценет на околу 15 до 20 милиони евра.