Македонски фудбалер посочен како промашување на деценијата во Сараево


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во јануари дресот на босанскиот гигант Сараево го облече и македонскиот интернационалец, Марјан Алтипармаковски.

Битолчанецот на „АСим Ферхатовиќ Хасе“ пристигна како засилување во нападот, но одигра само три натпревари во бордо дресот.

Затоа, медиумите во Босна и Херцеговина го посочија Алтипармаковски како трансфер промашување на деценијата во овој клуб.

Во Сараево настапува уште еден Македонец, а тоа е Крсте Велковски, кој спротивно од Алтипармаковски ги освојува симпатиите на фановите на клубот и е поставен како капитен на Сараево.