Сега е веќе готово: Ливерпул потврди дека Чан и уште еден фудбалер си заминуваат од клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул потврдија дека Емре Чан и Џон Фланаган ќе го напуштат клубот откако нивните договори ќе истечат ова лето.

Германскиот интернационалец ќе ја продолжи кариерата во редовите на Јувентус, додека се уште не е позната судбината на Фланаган кој веќе има 51 настап во дресот на Ливерпул.

Чан пристигна во Ливерпул во 2014 година и од тогаш собра 167 натпревари во црвениот дрес на кои успеа да постигна 14 погодоци.