Официјално: Патрик Виера нов тренер на Ница


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер и сега веќе поранешен тренер на Њујорк Сити, Патрик Виера е нов тренер на францускиот тим на Ница.

Виера во Ница ќе го наследи Лусиен Фавре кој од следната сезона ќе го предводи тмот на Борусија Дортмунд.

Францускиот стратег кој досега со успех го водеше тимот на Њујорк Сити се поврзуваше и со премин во Арсенал, но од управата на „топчиите“ се одлучија на позицијата да го назначат Унаи Емери.

Ова за Виера е прв тренерски ангажман во Европа и со сигурност ќе биде доста надгледуван од јавноста со оглед на фактот што се смета за еден од најдобрите млади тренери.