Вардар замина на подготовки во Словенија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Вардар денеска заминаа за Словенија, кадешто ќе ги продолжат летните подготовки пред да ја почнат авантурата во Европа.

„Црвено-црните“ ќе останат во Зрече, Словенија во наредните 15 дена, по што на први јули играчите на Вардар ќе се вратат во Скопје.

На подготовките во Словенија заминаа 25 фудбалери:

Голмани: Филип Илиќ, Игор Алексовски и Филип Гачевски.

Одбрана: Владица Брдаровски, Евгениј Новак, Тодор Тородорски, Горан Попов, Кристијан Тошевски, Никола Серафимов и Филип Антовски.

Средина: Бесар Исени, Кларенс Битанг, Фитор Реџепи, Вања Марковиќ, Дарко Мицевски, Али Адем, Филип Најдовски, Виктор Нилдо Јуфо и Алекс Талески.

Напад: Максим Максимов, Матеј Цветановски, Јован Попзлатанов, Јакуп Бериша, Бојан Колевски и Тигран Барсегјан.