Радост за Уругвај: Хименез го урна Египет во 90. минута! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во втората средба од првото коло во група А од Светското првенство играа Уругвај и Египет (1-0).

Се очекуваа многу возбудувања во дуелот, но немаше нешто посебно во првите 45 минути, иако во продолжението имаа неколку големи шанси Уругвајците.

Најдобрата шанса за Уругвај на почетокот на второто полувреме ја имаше Суарез, но голманот на Египет одлично го одбрани ударот.

Сепак, во 90. минута Хименез со глава го урна Египет, кој се надеваше дека ќе извлече барем бод од средбата.

По првото коло, во група А води Русија со три бода, Уругвај има исто така три, а Египет и Саудиска Арабија се без бодови.