Официјално: Ивановски потпиша за Хајдук!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мирко Ивановски стана официјално нов играч на Хајдук, откако му заврши договорот со Славен Белупо.

Македонскиот интернационалец играше одлично минатата сезона, па со 15 постигнати голови заврши на третата позиција на листата со стрелци.

„Прекрасно е чувството да се потпише за Хајдук, пресреќен сум што ќе го носам овој дрес и едвај чекам да почнат натпреварите за да можам да дадам сè од себе и да покажам дека ја заслужив довербата, која ми е дадена“, вели Ивановски.

Ивановски во кариерата има играно уште за Пелистер, Македонија ЃП, Славија Прага, Арка, Астра, Клуж, Видотон, Болуспор.