Данска со минимални 1:0 подобра од репрезентацијата на Перу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Данска со победа против Пери од 1:0во рамките на групата Ц го отвори настапот на Светското првенство.

Перу беше подобар тим на натпреварот, имаше повеќе прилики, но и помалку среќа па на крајот стадионот во Саранск го напуштија со наведнати глави.

Најдобрата прилика Перуанците ја имаа во самиот финиш на првиот дел кога Кристиан Куева не реализираше удар од белата точка.

Казната стигна во 59. минута кога Данците преку еден контранапад ја затресоа мрежата на Перу. Кристијан Ериксен го проигра Поулсен кој во ситуација еден на еден без проблем погоди за 1:0.