Македонија пред три години прими гол каков што за малку ќе примеа Португалија и Англија (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Фонте на натпреварот против Шпанија мораше да остане во границите на игралиштето додека другите репрезентативци на Португалија се радуваа на погодокот на Кристијано Роналдо за 3:3.

Истото се случи и со Киеран Трипиер кој остана на теренот по голот на Хари Кејн кога сите Англичани се радуваа на победничкиот гол на напаѓачот.

Сепак, на вакво нешто не беа предупредени младите репрезентативци на Македонија кога пред три години примија гол од Гибралтар по една бизарна ситуација. Нашите репрезентативци постигнаа погодок, се повлекоа на својата половина да го прослават, а домашниот тим на Гибралтар го искористи овој кикс на репрезентативците на Македонија и на празен гол успеаја да реализираат и да дојдат до големо реми.