Милан не ги плати долговите: Три можни сценарија за „росонерите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на Милан, Јонгхонг Ли не го почитуваше рокот, кој му беше даден, па најверојатно ќе го загуби клубот.

Кинезите имаа рок да платат 32 милиони евра до пет часот, за да ги вратат долговите на клубови, но тоа не се случи, па сега се споменуваат три сценарија за „росонерите“.

1. „Елиот фонд“ ќе има десет дена да ја изврши уплатат наместо Ли, а доколку американскиот клуб ги добие споменатите 32 милиони евра, Ли ќе остане на чело на клубот.

2. Некој друг партнер на Јонгхонг Ли ги врати парите на „Елиот фонд“. Последните денови управата на Милан заедно со супер-агентот Жорж Мендеш бара потенцијални партнери за да му помогнат на клубот со финансиите. Во тој случај Ли со својот партнер ќе остане на чело на клубот.

3. Доколку Ли не ги плати споменатите пари, кој во наредните десет дена ќе може да ги врати долговите, за да не биде казнет Милан од УЕФА, групацијата по плаќањето на долгот ќе почне преговори за продажба на клубот. А, како заинтересиран бизнисмен се споменува Томас Рикетс, кој има акции во бејзбол клубот Чикаго кабс и неговото богатство се проценува на 2,2 милијарди евра.