Англија со историска победа против Панама! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија со прекрасна игра ја „нокаутираше“ Панама со 6-1 во рамки на второто коло во групната фаза на Мундијалот во Русија.

Англија стигна до водство во осмата минута со голот на Џон Стоунс, а 14 минути подоцна Хари Кејн погоди за 2-0. Следуваше уште еден прекрасен гол на Џеси Лингард во 36. минута за 3-0.

Притисокот продолжуваше од страна на Англичаните, а најпрво преку Стоунс, а потоа и голот на Кејн ја однесоа Англија на полувремето со водство од 5-0.

Во второто полувреме не пристискаа многу, па Англија постигна само еден гол преку Кејн за 6-0, а Панама го постигна почесниот гол преку Фелипе Балој во 78. минута.

Ова е историска победа за Англија, која урна рекорд стар 52 години, односно никогаш претходно не постигнале пет гола на Светско првенство.