Една слика, 1000 зборови: Некои работи едноставно не се судени да станат реалност (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата најдобри фудбалери во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо се простија во ист ден од Светското првенство во Русија.

Иако од двајцата многу се очекуваше, посебно од Меси, кој имаше голем мотив конечно со репрезентацијата да го освои Мундијалот, на крајот испаднаа во осминафиналето.

Поради тоа што и едниот и другиот имаат над 30 години, најверојатно повеќе нема да ги видиме на Мундијалите кои ни следуваат.

Двајцата ја освоија Лигата на шампиони, Ла Лига, Купот на Шпанија, Светското клупско првенство, но никогаш не успеаа да го освојат Мундијалот.