Нејмар го посакува поранешниот соиграч од Барселона во ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако одлучи да остане во Пари Сен Жермен, Нејмар сега од раководството на клубот побарал да го донесат уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарез.

„Ле 10 Спорт“ пренесува дека Бразилецот не сакал да соработува во нападот со Единсон Кавани и како замена за него го побарал неговиот репрезентативен колега, Луис Суарез.

Наводно Нејмар сметал дека Суарез е вистинскиот човек кој може да му помогне на францускиот тим да се искачи на пиедесталот во Лигата на шампионите.

Се уште е рано за најава на трансфер на Суарез во Париз, но може да се очекува во наредниот период двете страни да стапат во преговори во кои вклучени можеби ќе бидат и Рабио и Кавани.