Потврда и од Јувентус, сите детали околу договорот на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус и официјално потврди дека Кристијано Роналдо ќе биде нивниот нов фудбалер. Португалецот во Торино ќе остане во следните четири години.

Трансферот ќе изнесува сто милиони евра кои ќе бидат исплатени во две години, а плус ќе бидат вклучени и дополнителни 12 милиони евра како солидарен придонес предвиден според регулативите на ФИФА.

Договорот на Роналдо во Јувентус ќе истече во 2022 година, а очекувано Роналдо ќе го носи дресот со број 7 кој досега беше во сопственост на Квадрадо.

„Скај Италија“ пак објави дека дефинитивно од Јувентус ќе си замине Гонзало Игуаин кој веројатно кариерата ќе ја продолжи во Челси.