Манчестер Јунајтед со прекрасен гест, заробените момчиња од Тајланд ќе дојдат на „Олд Трафорд“ (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на денешниот ден успешно заврши спасувачката акција на момчињата, дел од фудбалскиот клуб Вајлд Боарс кои 17 дена беа заробени во пештера во Тајланд.

Искусни спасувачки екипи од Тајланд предводени од тајландските фоки, како и други волонтери од целиот свет ги спасија фудбалерите и нивниот тренер кои бегајќи од монсунските дождови беа заробени во пештера во оваа земја.

На крајот оваа лоша приказна имаше среќен крај, а откако од ФИФА испратија специјални покани за децата да присуствуваат на финалето на Мундијалот, што за жал нема да се случи по консултација со докторите, сега од Манчестер Јунајтед испратија порака до малите фудбалерчиња, нивниот тренер, но и целата спасувачка екипа.

„На сите во Манчестер Јунајтед им олесни по дознавањето дека 12те фудбалери и нивниот тренер кои беа заробени во пештера во Тајланд сега се безбедни. Нашите мисли и молитви се со сите инволвирани во овој немил настан.

Би посакале големо добредојде на тимот на Вајдл Боарс Фудбал Клуб и нивните спасувачи на „Олд Трафорд“ оваа сезона“- гласеше во соопштението испратено на Твитер страната на Манчестер Јунајтед.