Гризман: Го прашав Питана зошто оди да го гледа видеото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нестор Питана од вчера е најнеомилен лик во Хрватска.

Имено, многу сметаат дека аргентинскиот судија Питана ја подгурна Франција во финалето, а за оваа ситуација коментираше и Гризман.

„Видов дека судијата оди да гледа видео и не знаев што, па го прашав. Дојде до мене и ми реше дека е во прашање игра со рака“, изјави офанзивецот на Триколорите.

„Хрватска одигра одличен натпревар. Беше тешко на почетокот, но направивме разлика преку контрите. Не можам да дочекам за да го однесиме трофејот во Франција“.

Гризман истакна дека плачеше, затоа што неговите родители беа на стадионот.