Почнаа да паѓаат рекорди: Јувентус продаде 520.000 дресови за 24 часа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо утрово ги помина лекарските прегледи во Торино и во секој момент ќе биде претставен како нов член на Јувентус.

Јувентус направи одличен потег и го ангажираше Португалцот, кој ќе го носи бројот седум во новата сезона.

„Старата дама“ го плати Јувентус повеќе од 100 милиони евра, но набрзо тоа би можело да им се исплати. Не само со освојување на трофеи, туку во маркетинг смисла.

Наводно, во првите 24 часа биле продадени 520.000 дресови со Роналдо. Оригиналниот дрес чини 104 евра, а репликата околу 45 евра.

Во просек, Јувентус на еден дрес заработува речиси 75 евра, а тоа на крајот му носи 38,7 милиони евра.