Неверојатно: Барселона имала приходи од речиси милијарда евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на претходната сезона, Барселона имала рекорден приход од дури 914 милиони евра.

Во годината во која ја освоија титулата во Ла Лига и кралскиот куп, Каталонците имаа најголема заработка поради трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра.

На буџетот не влијаеше ниту купувањето на Осман Дембеле од Борусија Дортмунд за 105 милиони и Филипе Кутињо од Ливерпул за 150 милиони евра.

Во 2021. година се очекува да имаат приход од дури милијарда евра.