Јувентус купува голема француска ѕвезда и прави страшна екипа!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ангажирањето на Кристијано Роналдо е најголем трансфер на Јувентус летово, но очигледно управата на „старата дама“ не заврши со трансферите за летово.

„Тутоспорт“ пишува дека нов член на Јувентус би можел да стане Пол Погба, кој ги напушти пред две години за 105 милиони евра и се пресели во Манчестер јунајтед.

Наводно, Французинот е уморен од начинот на работа на Жозе Мурињо и сака да се врати во Јувентус, каде што стана еден од најдобрите играчи во светот.

Агентот Мино Рајола е во одлични односи со Јувентус, па наводно им ги понудил неговите услуги во претходните денови.