Јувентус одговори на понудите на европските гиганти за Манџукиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Марио Манџукиќ очигледно нема да го напушти Јувентус летово.

Борусија Дортмунд испрати понуда за хрватскиот напаѓач, но италијанскиот шампион ги одби.

Германците во Манџукиќ гледаат замена за Миши Батшуаи, кој се враќа во Челси, но Италијанците во Хрватот гледаат партнер за Кристијано Роналдо во нападот и не планираат да го пуштат.

Манџукиќ има договор со „старата дама“ до 2020. година, па тешко дека Масимилијано Алегри ќе се откаже од неговите услуги.