Агентот на Бонучи замина да договори негов трансфер надвор од Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според вестите во италијанските медиуми, Алесандро Лучи, агентот на Леонардо Бонучи бил во Париз на преговори со челниците на ПСЖ.

Вестите дека Бонучи ќе си замине од Милан дојдоа како изненадување пред две недели, а за него покрај ПСЖ интерес има и од Манчестер Јунајтед и Челси. Сепак, сега изгледа дека ПСЖ е во пол позиција за неговиот потпис.

„Калчомеркато“ објави дека Милан ќе бара 40 милиони евра за Бонучи и ќе биде принуден да го продаде поради правилата во финансискиот фер плеј. Бонучи во моментов заработува околу десет милиони евра по сезона.