Перез најави нови големи засилувања во Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, при претставувањето на десниот бек Алваро Одриозола, најави големи засилувања во екипата.

Реал се подготвува за новата сезона, која ќе почне без нивната поранешна најголема ѕвезда Кристијано Роналдо, а тука е и новиот тренер Хулен Лопетеги.

„Свесни сме за очекувањата кои се поставени пред Реал секоја сезона“, вели претседателот на Реал.

Многумина ги интересираше како Реал ќе ги потроши 112 милиони евра, кои ги доби со продажбата на Роналдо во Јувентус.

„Имаме одличен тим и сакаме да градиме нов со неверојатни фудбалери“, кажа Перез.

Во моментов се шпекулира дека Реал Мадрид е во преговори со Еден Азар, кој се согласил да се пресели кај „кралевите“, но проблем прави Челси, кој бара 200 милиони евра.