Рамос откри кој ќе ја добие „седумката“ на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо летово замина од Реал Мадрид и се пресели во Јувентус за 105 милиони евра, а неговиот дрес со бројот седум го бара својот нов сопственик.

Шпанскиот медиум „Диарио гол“ пишува дека Серхио Рамос знае кој ќе ја добие „седумката“ на Кристијано Роналдо во новата сезона.

Наводно, младиот Марко Асенсио ќе биде новиот сопственик на „седумката“. Тој се појави на светската сцена во 2016/17, па за краток период се покажа како важен играч на „кралевите“.

Шпанецот игра одлично во дресот на Реал Мадрид, а очигледно управата смета дека 22-годишниот фудбалер е идеален за дресот со број седум.