Сампдорија на уникатен начин претстави засилување: Добредојде Роналдо (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Сампдорија вчера и официјално го комплетираа трансферот на соиграчот на Езџан Алиоски од Лидс, Роналдо Виера.

Италијанскиот клуб на интересен начин се реши преку Твитер да го претстави новото засилување на клубот.

Имено, од Сампдорија на идентичен начин како што беше објавен трансферот на „вистинскиот“ Роналдо во Јувентус го претстави своето ново засилување кое ги чинеше седум милиони евра, речиси сто милиони поевтино од Кристијано Роналдо.