Јувентус со гол во 93. минута го победи Киево (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Јувентус со победа ја отвори новата сезона во Серија А откако со 3:2 со големи маки славеше на гостувањето во Верона кај Киево.

Јувентус одлично го отвори натпреварот и со голот на Кедира по само три минути водеше со 1:0.

Во 38. минута домашниот тим изедначи преку Степински кој одлично ја зафати топката на Гјачерини и го совлада Шчезни.

Со овој резултат се замина на одмор, а во 56. минута следуваше шок за Јувентус затоа што Киево стигна до водство. Емануеле Гјачерини беше сигурен реализатор на најстрога казна носејќи ги домаќините до голема радост.

Јувентус од тој момент тргна на се или ништо, а голот за израмнуање стигна во 75. минута кога Бани си ја затресе сопствената мрежа.

Нападите на Јувентус продолжија и понатаму, а во самиот финиш беше постигнат и гол кој потоа беше оправдано поништен поради играње со рака на Роналдо. Додека се постигна голот, голманот Сорентино заработи удар од Роналдо по кој загуби свест и мораше да ја напушти играта.

Бернардески во третата минута од судиското продолжение донесе голема победа за Јувентус.