Сорентино се огласи на социјалните мрежи и му испрати порака на Роналдо (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус вчера со многу проблеми стигнаа до победа против Киево од 3-2 на гостувањето во првото коло од Серија А.

Јувентус во самиот финиш на натпреварот успеа да направи пресврт и да стигне до победа, но натпреварот во Верона го одбележа повредата на голманот на домаќините, Стефано Сорентино, кој остана без свест по судирот со Кристијано Роналдо.

Сорентино беше префрлен во болница, каде што лекарите му дијагностицирале скршен нос и полесни повреди на вратот и рамената. Сепак, голамнот на Киево беше утринава пуштен од болница, а преку Твитер реши да се заблагодари на пораките за поддршка, а имаше една и за Роналдо.

„Ви благодарма на сите кои ми испративте порака со поддршка, тоа ми значи многу. Ние сме одлина екипа и тоа го покажавме вчера против фаворитот. Бевме блиску, но потоа Роналдо ме прегази“, напиша Сорентино.