Џебали со мајсторски лоб го матираше Захов, Розенборг веќе води со 3:0 (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Розенборг, Исам Џебали постигна вистинско ремек дело на натпреварот против Шкендија во плеј офот од Лигата на Европа.

Интернационалецот од Тунис со мајсторски лоб го матираше Захов во 11. минута. По само четири минути Никлас Бендтнер зголеми на 2:0 за домашниот тим на Розенборг.

Пред самиот крај на полувремето, Леви и по трет пат го матираше Костадин Захов за убедлива предност уште по првите 45 минути.