Македонија победи и во вториот дуел во Лигата на нации (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија беше успешна и против селекцијата на Ерменија со 2-0 на „Филип Втори“ и така сега има максимални шест бода по два одиграни натпревари.

Првиот гол за нашата репрезентација го постигна Езџјан Алиоски од пенал во 13. минута и донесе голема радост кај навивачите.

Двете селекции продолжија со неатрактивен фудбал, а мрежата на гостите повторно ја затресе Горан Пандев, кој ги постави конечните 2-0 во 59. минута.