Сезоната не е ни почната, а Феникс Санс се веќе во проблеми


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч на Феникс Санс, Девин Букер ја повреди раката уште во март оваа година, но и со таа повреда го одигра остатокот од сезоната 2017/18.

Сепак, клубот вчера соопшти дека Бокер ја оперирал раката и го чека опоравување од најмалку шест недели.

Тоа значи дека овој одличен кошаркар ќе го пропушти припремниот камп на Феникс Санс кој стартува од 25. септември, а многу е веројатно дека нема да биде спремен за почетокот на сезоната.

Инаку, Санси ја отвараат НБА лигата на 17. октомври со натпревар против Далас Маверикс на свој терен, а прашање е колку ќе му треба на Букер да се врати во вистинската форма.

Да потсетиме, Букер во јули потпиша петгодишно продолжување на договорот со Санси, вреден 158 милиони долари, а јасно е колку им е од важност одличниот бек на екипата од Аризона.