„Го најдов Меси во соблекувалната како седи и плаче како дете кое ја загубило мајката“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лионел Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња, но единствен недостаток во неговата кариера е тоа што нема освоено ништо со репрезентацијата на Аргентина.

Меси има неверојатна желба со Аргентина да освои некој трофеј, а досега има загубено во две финалиња. Во 2014. година беа поразени во финалето на Светското првенство од Германија, а потоа загубија против Чиле во Копа Америка.

Поразот го уништил Меси затоа што тогаш тој се прости од репрезентацијата. Сепак, неколку недели подоцна се предомисли и реши да се врати.

Поранешниот кондиционен тренер на Аргентина, Елвио Паолоросо откри дека поразот во финалето на Копа Америка го уништил Меси.

„Беше многу болно да се гледаат играчите во соблекувалната по тоа финале, но најлошото допрва доаѓаше. Се сеќавам дека околу два часот наутро заминав во соблекувалната и таму го најдов Меси. Беше сам и плачеше како да ја загубил мајката. Никој не можеше да го утеши. Го прегрнав и заедно плачевме“, кажа Паолоросо.