Започнува Европа лигата, нова шанса за „малите клубови“ да покажат колку вредат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште една сезона на Европа лигата е пред нас. Се чини дека одамна немало толку големи имиња во ова натпреварување како оваа сезона, па сигурно можеме да очекуваме интересни натпревари.

Тимови како Челси, Арсенал или Милан оваа сезона ќе бидат учесници во Европа лигата, но ова сигурно нема да биде натпреварување кое им е приоритет, иако ова натпреварување доби на важност откако УЕФА одлучи победникот да оди во Лигата на шампиони.

Денес се на распоред натпреварите во 1. коло од групната фаза и не очекуваат неколку занимливи средби.

Најинтересно ќе биде во Солун, каде што ПАОК го пречекувa Челси. а исто така внимание ќе привлече дуелот помеѓу сензацијата од Луксембург, Дуделанж и славниот Милан.

Натпреварите се играат од 18.:55 и 21.00 часот.