Перез: Не сакаме да играме во Америка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез кажа дека неговиот клуб нема да игра ниту еден лигашки натпревар во Америка.

Раководството на Ла Лига склучи договор со медиската компанијата Relevent со цел некои натпревари од првенството да се одиграат во САД.

Сепак, првиот човек на клубот од Мадрид тврди дека тие не се спремни да ја напушат Шпанија, за да одиграат натпревар од лигата.

„Нема да одиме во САД. Не знам кој има интерес да се игра таму, но клубовите и навивачите дефинитивно немаат, така да ја отфрламе оваа опција“, признава Перез.

Барселона и Жирона би требало во јануари да играат во Мајами, ќе видиме дали некој од каталонскиот клуб ќе реагира.