Брет Браун: Сакаме да играме во НБА финалето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Филаделфија, Брет Браун даде занимлива изјава на новинарите на денот за медиумите на клубот. Браун говореше за целите на екипата, беше краток и директен, одговорувајќи дека својот тим го гледа во НБА финалето.

„Сакаме да играме во финалето на НБА лигата. Тоа го чуствувавме и го можевме минатата сезона. Ја сфаќам димензијата на ова што го говорам, но стојам позади реченото. Многу работи треба да се поклопа, ги знаеме квалитетите и целите на другите, но ние сме свесни колку можеме и не говорам залудно“, рече Брет.

Да потсетиме, Филаделфија минатта сезона изелзе во вториот круг во Источната конференција од Селтик со резултат од 1-4 во сериите, но скоро секој натпревар беше неизвесен и можеше да заврши обратно.