Ањели со одлична идеја: Сакаме ново европско натпреварување и реформа во ЛЕ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Јувентус и Асоцијацијата на европски клубови, Андреа Ањели, кажа денеска на состанокот дека УЕФА активно работи да се направи уште едно европско натпреварување.

„Многу европски клубови сакаат трето европско натпреварување. На нас целта ни е да го намалиме бројот на учесници на 28 или 32 тимови, а да имаме уште едно натпреварување во кое клубовите би можеле да играат“, кажа Ањели.

Италјанецот сака да се пронајде баланос во спортот, кој мора да остане најдобар на светот.

„Клубови како Ајакс и Бенфика ја освојуваа Европа пред 30-40 години, а сега е комплицирано такви екипи да се вратат во европскиот врв затоа што постои голема разлика во однос на шпанските, англиските и германските клубови. Мора да најдеме баланс. Фудбалот еволуираше многу во последната деценија“, објасни Италијанецот.

Ањели зборуваше и за идејата на Ла Лига некои натпревари да ги играат во САД.

„Тоа е бизнис модел кој се користи, и претходно некои натпревари се играа во странство, па така ова не е нова идеја. На крајот, тоа го направија и НБА и НФЛ клубовите“, кажа претседателот на „бјанконерите“.