Чудни одлуки на ФИФА во изборот за најдобар тим во годината (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синоќа беше одржана гала-церемонијата на ФИФА, на која главната награда за најдобар играч на годината ја доби Лука Модриќ.

Ниту овој избор не помина без критики од фудбалската јавност, а на многумина не им е јасно на кој принцип се бираше тимот на годината. Во тој избор имаше многу нелогични работи, а сите се чудат како ги нема Мохамед Салах и Тибо Куртоа во тимот на годината.

Салах на крајот заврши како трет најдобар играч во светот годинава и навистина е чудно како по одличната сезона не најде место помеѓу најдобрите 11. Исто така, го немаше ниту Куртоа, кој беше одбран претходно за најдобар голман во светот.

Да потсетиме, во тимот на годината се: Давид Де Хеа, Дани Алвеш, Серхио Рамос, Рафаел Варан, Марсело, Лука Модриќ, Нголо Канте, Еден Азар, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.