Леброн првпат се појави во дресот на Лејкерси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на сите тимови се појавија во официјалните простории на НБА лигата во Њујорк на официјално фотографирање пред почетокот на сезоната.

Ова беше единствена прилика да го видиме Леброн Џејмс во дресот на Лејкерси.

За доаѓање во „Градот на ангелите“, Џејмс се одлучи по четиригодишната епизода во Кливленд , а во меѓувреме го носеше и дресот на Мајами Хит.

Џејмс со Лејкерси потпиша четиригодишен договор вреден вртоглави 154 милиони евра, а нема сомневање дека „Кралот“ и неговото друштво ќе имаат тешка задача да дојдат макар и до плеј-оф-от во секогаш тешката конкуренција на Западниот брег.