Игуаин: Јас против Икарди? Не е ова тенис


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин едвај го чека дербито на Милан против Интер.

Дерби дела Мадонина секогаш носи многу возбудувања па така ќе биде и овој пат. Аргентинскиот напаѓач го спореди со дербито на Мадрид во кое играат Реал и Атлетико од кое беше дел и Игуаин додека играше за кралскиот клуб.

,,Секое дерби има посебен вкус. Ќе биде исто и овој пат. Ова е мое прво дерби на градот Милано и големо задоволство ми е што ќе играм. Фактот дека повеќе луѓе на Сан Сиро ќе навиваат за Интер нас ни дава само дополнителна мотивација. Ова е дерби преполно со страст, баш како она во Мадрид. Милан може да победи ако размислуваме на таков начин дека не се плашиме од никого.

Ако така се однесуваме можеме да го свртиме натпреварот на наша страна”- рече Игуаин, а сите новинари го прашаа за дуелот помеѓу него и напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

,,Па не играме тенис, ова е фудбал. Ќе биде тоа средба 11 наспроти 11, не напаѓач против напаѓач”- прокоментира сјајниот аргентински напаѓач.

Инаку дербито во Милано се игра во недела со почеток од 20.45 часот.